hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса блесна во вториот дел и го победи Силкеборг

kire so kristijanstadt

Силкеборг – Барселона 23:27 (13:11)

По поразот во Париз минатата недела, ракометарите на Барселона им се вратија на победите, откако со одлично второ полувреме го совладаа првакот на Данска, Силкеборг со 23:27 (13:11).

Мечот започна изедначено и Маркусен им парираше на Каталонците за 5:5 по првите 7-8 минути од мечот. Со головите на Скубе, Данците дури и поведоа со 9:7, но брзо вратија Лазаров и Нодесбо за 9:9 во 24 минута.

Сепак Хундструм и Маркусен направија нова мини-серија од 3:0, пред Лазаров со вториот гол да намалија на 13:11. Со овој резултат се замина на одмор и играта на момците на Пасквал силно загрижуваше.

Сепак очигледно Каталонците добиле лекција од Пасквал на полувреме, па со серија 8:3, Раул Ентрериос, Лазаров и Ласе Андерсон направија пресврт и Барса во 40 минута имаше стабилни 16:19. Скубе и Кнудсен со два неодговорени голови се доближија до 19:21 на 10 минути до крајот.

Нашиот Лазаров со петтиот гол во 53 минута донесе стабилни +4 во пресрет на финишот. Токму нашиот репрезентативец, заедно со Ласе Андерсон ја запечатија судбината на Данците за финални 23:27.

Во екипата на Барселона, Кирил Лазаров даде 6 гола, како и Ласе Андерсон, а Ривера беше автор на 4 гола. Кај поразениот Силкеборг се истакнаа Кнудесен и Експерсен со по 4 гола.

Share