Прв пораз на Барса во сезоната, Каталонците совладани во Париз

ПСЖ – Барселона 33:26 (15:12)
Првакот на Шпанија Барселона го претрпе првиот пораз во Лигата на шампионите и во сезоната воопшто, откако вечерва во Франција загуби од ПСЖ со 33:26 (15:12).
Мечот започна израмнето и по 2:2, први се одлепија домаќините и со головите на Генсхајмер и Ремили поведе со 9:6 на средина од првото полувреме. Расположениот германски интернационалец погоди за +4 и реакција од гостинската клупа.
Веднаш се разбудија Каталонците и со три неодговорени гола на Арињо, Ентрериос и Нгесан првакот на ASOBAL лигата намали на 11:9. Сепак „светците„ нагазија до одморот и со два гола на Никола Карабатиќ и еден на Хансен на полувреме заминаа со 15:12.
Барса постојано го ловеше француското водство и Лазаров и Арињо погодија за 21:19 во 40 минута. Следуваа голови на Мелград и на Абало, па Лазаров реплицираше за 25:21 на 13 минути до крајот.
Така домаќините без проблем го приведоа натпреварот кон крај за финални 32:26 и сигурна победа против Барселона. Во победничката екипа се истакнаа Ремили со 7 и Никола Карабатиќ со 5 гола, а некогашниот соиграч на Лазаров, Лук Абало даде 3 гола. Кај гостите Кире Лазаров беше автор на 4 гола, а младиот Французин Дика Мем даде 5 погодоци.
Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:




