hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров: Играта на Чешка е истата како порано, фаворити се, победувале и посилни од нас

25

По 12-те гола против Украина, капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров им ја препушта фаворитската улога на Чесите, но максимално верува во соиграчите. Пред последниот тренинг капитенот изјави:

„Oколу 90% од играта на Чесите е идентична како и претходно, со тоа што со Јиха и со Хорак имаат добиено малку повеќе на искуство. Тоа може да биде добро за нив, но сигурно претставува и меч со две острици, бидејќи се работи за меч од 60 минути во кои ќе треба да најде место за сите тие играчи, да им даде адекватна минутажа. Свесни сме дека пред нас е тежок натпревар, знам дека ќе се обидат да тргнат фуриозно со сите сили од самиот почеток, да слават што поубедливо. Ние ќе треба да го искористиме тоа и со смирена игра да ги користиме грешките во нивните редови. Чесите се фаворити, бидејќи тие на домашен терен победувале и поголеми репрезентации од нашата. Во Исланд одиграа многу квалитетно, но загубија, сега сигурно ќе сакаат да ги прокнижат првите бодови. Ние не треба премногу да се оптоваруваме, треба да веруваме во себе, тоа ќе бидат 60 долги минути на гостински терен пред полна сала, но треба да остане". смета капитенот.

Мечот Чешка - Македонија се игра денес од 14.25 часот во Плзен.

 

ФОТО: Игор Паневски

Share