hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров: Многу ни значи што салата беше полна

kl7

Кире Лазаров со 12 гола потврди е во одлична форма и ги „изрешета" Украинците. По триумфот од 27:21 капитенот рече:

„Многу ни значи што салата беше полна во работен ден. Украина беше потценета, ќе бидат тврд орев за сите. Наша среќа е што последниот меч ќе го играме на нивниот терен. Тие се млада и селекција која има иднина. Очекувано започнавме во мал грч, посебно помладите, но одигравме солиден натпревар. Овој натпревар многу ќе значи за нас како колектив. Не одигравме беспрекорно, но два бода се два бода и веќе размисливаме на Чешка, Мораме да се подготвиме, знаеме како е да се игра во Чешка и треба да се биде мудар за да се извлече најдоброто од оваа селекција и во Плзен".

В петок нашата делегација патува за Плзен пред мечот в сабота од 14:30 часот.

Share