hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Симултанка на Лазаров, Македонија подобра од Украина

kire so ukraina

Македонија – Украина 27:21 (13:10)

Македонија со победа ги започна квалификациите за Европското првенство во Хрватска, откако вечерва во Скопје ја совлада Украина со 27:21 (13:10).

Мечот одлично го почна Борко Ристовски кој одбрани два зицери на стартот, па Македонија двапати поведе. Сепак „заглави" нашиот напад и Украинците првпат поведоа во 8 минута со голот на Жуков (2:3). Лазаров постигна три гола и во 12 минута нашите репрезентативци израмнија на 5:5. Следеше контранапад на Манасков за 6:5 и враќање на нашето водство. Полека ја стабилизиравме нашата игра по почетокот полн со грешки и во 20 минута капитенот Лазаров го постигна четвртиот гол за 11:7. По серија на грешки од двете страни, капитенот реализира седмерец за 13:10, резултат со кој се отиде на одмор.

Вториот дел започна како што заврши првиот и од седмерец Лазаров погоди за +4. Украинците не се предаваа, но Филип Талески на асистенција на капитенот, со третиот гол зголеми на 17:14 во 40 минута. Нашата игра стана зависна од Кирил Лазаров, па со деветтиот гол капитенот ни донесе 19:16 во 43 минута. Македонија не блескаше но го приведе мечот кон крај со финални 27:21.

Во нашиот табор Кирил Лазаров постигна 12 гола, а Жиков со 4 и Козаки, Садови и Денисов постигнаа по 3 гола кај Украинците. Македонија в сабота во Плзен против Чешка го игра вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство во Хрватска.

ФОТО: Филип Вирановски

Share