hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров се приклучи на подготовките на репрезентацијата

borko i kire

Тандемот од Барселона, Кирил Лазаров и Борко Ристовски веќе му се на располагање на селекторот Лино Червар во подготовките за натпреварот со Украина во среда во Скопје.

По вчерашниот собир и првиот тренинг во СРЦ „Кале" Лазаров и Ристовски кои во саботата имаше првенствен натпревар во Сантандер веќе го одработија првиот тренинг со своите репрезентативни другари.

Македонија в среда од 18:30 на домашен терен, во „Вип арена Борис Трајковски" ќе ја пречекаа Украина во првиот квалификациски меч за ЕП 2018 во Хрватска. Потоа во петок патува за Плзен каде в сабота ќе игра против Чешка во вториот меч од квалификациите.

Share