hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров со 432 гола е прв стрелец на Барса во 100-те победи по ред!

lazarov so barsa

Ракометарите на Барселона прославија 100 победи во ред во ASOBAL лигата и три и пол години не знаат за пораз во сите шпански натпреварувања. Првиот гол во долагата серија од скоро 1200 дена без пораз и само со победи шпанската елита, го постигна Рутенка, а послендиот Томас.

Кирил Лазаров со 432 гола е најдобар стрелец во оваа низа во која 38 ракометари го носеа дресот на Барса, а покрај Лазаров само уште седуммина и тренерот Пасквал се дел од непобедливиот тим.

Најтесната победа беше против Натурхаус Ла Риоха со 22:24, а најубедливата пред две сезони против Сегурос Замора (19:45).

Претходниот рекорд на Барселона беше 32 победи по ред, а апсолутниот рекорд во Шпанија на Гранољерс е дебело надминат и Барса сега има преку 30 победи повеќе од претходниот рекордер, а уште не е крај на оваа серија. Во сите натпреварувања во Шпанија, Барса е без пораз на 132 натпревари.

Share