hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ПОДВИГ: Лазаров еден од ретките со 100те победи на Барса во ASOBAL лигата

barca-kire-100-ponedi

Ракометарите на Барселона се вратија со очекувана победа од гостувањето во Сантандер против Синфин во рамките на ASOBAL лигата, а триумфот од 22:27 (13:14) е 100 натпревар по ред со победи во шпанскиот шампионат за најтрофејната екипа.

Овој рекорд тешко дека некој може да го достигне во догледно време, а кој знае уште колку ќе се зголемува. Интересно е што рекордот започна токму со преминот на Кире Лазаров во дресот на Барса од Атлетико Мадрид и од победата против Гвадалахара во сезоната 2012/13, еве уште трае, па капитенот на нашата репрезентација нема ниту еден лигашки пораз откако го смени дресот во Шпанија. Во серијата на Барса покрај Лазаров учествуваа уште и Сорондо, Томас, Нодесбо и Раул Ентрериос.

Честитки за уште еден рекорд и место во ракометната историја.

Share