hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Кампот „Кирил Лазаров 7“ и брендот „Хумел“ меѓусебни партнери

hummel 1

Ракометниот камп на нашиот најдобар ракометар „Кирил Лазаров 7", кој оваа година по вторпат ќе се организира во Охрид од 17 до 30 јуни во две смени, денес и официјално доби нов партнер.

Спортската компанија „Хумел" ќе биде официјална опрема на ракометниот камп и сите учесници ќе добијат опрема од „Хумел", што преставува подигнување на кампот на уште поголемо ниво со обезбедување на врвна опрема за секој учесник.

002

Денес беше одржана прес-конференција на која беше официјализирана соработката меѓу ракометниот камп „Кирил Лазаров 7" и „Хумел", кој во Макеоднија е застапен во продавниците на Д-Спорт, кој е застапник за „Хумел" во нашата држава.

Share