
Шпанскиот шампион и клубот на нашиот Кирил Лазаров, Барселона ги осигура услугите на францускиот
кружен напаѓач Седрик Сорондо до 2020 година.

Сорондо беше на една година до истекот на стариот договор, па Каталонците не сакаат да ризикуваат да го загубат следното лето и потпишаа нов договор. Сорондо оваа сезона ја делеше минутажата со полскиот репрезентативец Сипржак и Данецот, Јаспер Нодесбо.
Францускиот репрезентативец има 32 години, а пред да дојде во Барселона го носеше дресот на Жализ, Анжер, Париз и Тулуз. По потписот на новиот договор тој позираше пред клупските медиуми со спортскиот директор Давид Баруфет.