Червар ги собра репрезентативците пред баражот

Нашите најдобри ракометари и стручниот штаб на чело со новиот селекор Лино Червар денес го имаа првиот собир и влегоа во подготвителна фаза за квалификацискиот двомеч за СП против селекцијата на Чешка овој месец. Првиот меч ќе биде одигран во Злин на 11 јуни, а возвратниот натпревар за место на Мундијалот во Франција ќе се одигра четири дена подоцна во Скопје.
На стартот на подготовките ќе отсуствуваат интренационалците од Бундеслигата. Борко Ристовски со Рајн Некар Левен во последното коло в недела ќе игра против Либек и со евентуална победа ќе дојде до титулата. Филип Миркуловски со неговиот Вецлар в недела ќе има натпревар против Лајпциг, а Кирил Лазаров в сабота го игра последниот меч од ASOBAL лигата против Гранољерс во „Палау Блауграна".
ФОТО: Филип Вирановски (www.gol.mk)




