Кирил Лазаров пак е во идеалниот тим на Лигата на шампионите

Денес во Келн европската куќа на ракометот го избра идеалниот тим на сезоната во Лигата на шампионите. Во него повторно се најде најдобриот стрелец во историјата на европските купови. Доминираат ракометари на финалистите на Ф4 во Келн, а тренерот на Веспрем, Шпанецот Сабате е тренер на годината.
Идеален тим на Лигата на шампионите во ракомет:
Голман: Никлас Ландин (Кил)
Лево крило: Мануел Штрлек (Киелце)
Лев бек: Момир Илиќ (Веспрем)
Среден бек: Деан Бомбач (ПИК Сегед)
Десен бек: Кирил Лазаров (Барселона)
Десно крило: Гашпер Маргуч (Веспрем)
Дефанзивец: Тимуш Шуч (Веспрем)
Кружен напаѓач: Растко Стојковиќ (Мешков Брест)
Млад играч: Дарко Ѓукиќ (Бешикташ)
Најдобар тренер: Хавиер Сабате (Веспрем)
Полуфиналните мечеви од Лигата на шампионите се играат утре попладне во распродадената „Ланксес арена", а се среќаваат Кил - Веспрем и Киелце - ПСЖ.





