hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Силен отпор, но Барса ја „среди“ и Натурхаус Ла Роха

barca - naturhaus 1

Барселона – Натурхаус Ла Роха 36:32 (18:16)

Ракометарите на Барселона во дерби дуелот, ако така може да се нарече мечот против Натурхаус Ла Роха, со оглед на тоа што овој клуб се наоѓа на второто место на табелата во ASOBAL лигата, стигнаа до 27 сезонска победа со резултат од 36:32 (18-16).

002

Мечот беше тежок и Барса не создаде висока предност како на останатите мечеви од ASOBAL лигата. Цело прво полувреме вицешампионот играше егал меч, но кога Жалуз погоди за +5 на почетокот на второто полувреме, полека почна да попушта отпорот на гостите од Логроњо. Шариќ на голот поврза серија на интервенции, а возвратија Томас и Гурбиндо со сеерија од 6:1 и 28:20 на 11 минути до крајот. Потоа беше полесно и фаворитот лесто ги приведе мечот кон крај до финални 36:32.

Избраниците на Чави Пасквал одиграа уште еден рутински натпревар во кој своја вечер имаше Ваел Жалуз, кој мечот го заврши со 12 погодоци, додека Кирил Лазаров даде 4 гола во победата која го доближува лидерот и шампионот Барселона до перфектна лига од 30 победи од исто толку натпревари. Кај Натурхаус Ла Роха најдобар беше Педро Родригез со 6 гола.

barca - naturhaus 2

Овој меч беше последен во дресот на Барселона пред домашната публика на Шариќ, Гурбиндо, Сигурдсон, Руезга и Сармиенто и сите петмина беа испратени со почести од каталонскиот клуб. Веќе одамна Лазаров и соиграчите ја обезбедија новата титула, иако до крајот на сезоната им остануват уште неколку натпревари.

Share