hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров ја извади Барса од проблеми и донесе победа од Аранда

jalouz

Вила де Аранда – Барселона 31:35 (18:17)

Ракометарите на Барселона се изнамачија, но ја совладаа екипата на Вила де Аранда на гости со 31:35 (18:17) во меч од 28 коло на ASOBAL лигата.

Во меч во кој шпанскиот старо-нов шампион долго се мачеше, во последните 15 минути Лазаров и соиграчите го скршија отпорот на противникот за нова победа и продолжување на серијата од три години без пораз во сите шпански натпреварувања.

002

Од самиот почеток домашните ракометари започнаа агресивно, играа на работ на исклучување и постојано го диктираа темпото. Ниту Пасквал со два тајм-аути не успеа да ја прекине серијата на ракометарите на Вила де Аранда кои водени од Ајала на одмор заминаа со +1. Но, по одморот се разиграа Жалуз и Лазаров и по голо на Арињо, Барса поведе во 41 минута (22:23). Од тој момент Каталонците ја зголемуваа предноста и во последните 3-4 минути донесе победа без треперење. Виктор Томас сигурно ќе го памети овој натпревар , бидејќи го посгигна 1000 гол во ASOBAL лигата.

Лазаров со 9 гола од 11 обиди беше прво име на средбата и човек кој го направи пресвртот. Капитенот Томас даде 6, а Тунижанецот Жалуз беше автор на 5 гола. Кај поразената екипа на Вила де Аранда се истакнаа Ајала со 9 и Дос Сантос Маестро со 8 гола.

Само уште две кола до трета последователна перфектна лига за екипата на Чави Пасквал, која многу ретко оваа сезона наидуваше на ваков отпор како вечерва во Аранда.

Share