hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров со седум гола прв стрелец во победата на Барса над Адемар Леон

CixPiDuWgAA35JK

Барселона - Адемар Леон 37:27 (19:11)

Шпанскиот шампион Барселона со Кирил Лазаров во своите редови, дојде до нова победа во ASOBAL лигата, овојпат над Адемар Леон со резултат од 37-27 (19-11), па така го задржа максималниот ефект од 25 победи во сезоната

Победникот на дуелот беше решен уште по првото полувреме, кое Каталонците го добија со убедлив резултат од 19:11. Момците на Чави Пасквал во вториот дел само рутински го доработија мечот и го сведоа кон конечна победа од 37:27. Жалуз и Шариќ одлично го отворија натпреварот за 4-0 за домашната екипа. Ако не беше Чупара на голот на гостите стартот ќе беше уште поубедлив. Хуанин Гарсија постигна три неодговорени гола, но следеа головите на Сипржак за +8 за домаќините.

jiro51

Лазаров се разгоропади и во вториот дел ја наполни мрежата на гостите од Леон. Одлично расположен беше и катарскиот репрезенативец Данијел Шариќ, кој го играше својот последен натпревар во дресот на Каталонците. Така без многу напор во финишот Барса се справи со Адемар Леон постигнувајќи ја својата доза од скоро 40 гола по натпревар (37:27).

Оваа победа е историска бидејќи се навршија три години од последниот пораз на Барселона во домашните натпреварувања, во Логроњо на 18 мај 2013 година. Македонскиот репрезентативец Лазаров мечот го заврши со 7 погодоци од 9 упатени удари кон противничкиот гол, од кој три од седум метри. Лазаров имаше солидна поддршка од Сипржак и Гурбиндо кои мечот го завршија со по 5 погодоци, додека во поразената екипа на Адемар Леон прв стрелец беше Хозе Гутиерез со 5 гола.

Share