hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ВИДЕО: Свечена вечера и славеничка атмосфера во Барселона во сезоната на пет трофеи

barsa sampioni

Со свечена вечера на која присуствуваше и претседателот на клубот Жозеп Марија Бартомеу, Барселона ги прослави петте титули во сезоната која се наоѓа пред самиот крај. Можеби не се седум како минатата сезона која беше рекордна, но и оваа може да се окарактеризира како позитивна со освоена ASOBAL лига, ASOBAL Купот, Купот на Кралот, ASOBAL Суперкупот и Суперкупот на Каталонија.

002

Во елитен ресторан на Монжуик првите луѓе на клубот ја истакнаа професионалноста и посветеноста на ракометната секција која само ја продлабочи својата легенда со продолжување на рекордот на несовладливост во шпанскиот ракомет.

Вечерва пред мечот со Адемар Леон ќе бидат изложени сите трофеи во „Палау Блауграна", а мечот ќе се одигра со славеничка атмосфера. Пред мечот ракометарите на гледачите ќе им го претстават последниот освоен трофеј од Купот на шпанскиот Крал, а по мечот ќе го добијат и пехарот од ASOBAL лигата која математички ја освоија пред две недели.

Видеото погледнете го на следниот ЛИНК

Share