
Селекторите на чешката ракометна репрезентација Јан Филип и Даниел Кубеш го објавија списокот на ракометари за мечевите од баражот со Македонија во Злин и во Скопје. Филип Јиха, Павел Хорак, Јан Собол и Мартин Галија не се наоѓаат на дефинитивниот список од разни причини, па Чешка со подмладен тим ќе им се спротистави на Лазаров и другарите.

Репрезентација за Чешка за баражот против Македонија:
Голмани:
Томаш Мрква, Петр Штохл
Бекови:
Петр Линхарт, Јан Штелик, Ондреј Здрахала, Јан Ланда, Томаш Бабак, Роман Бечвар, Милан Шкварил
Крила:
Мирослав Јурка, Јакуб Хрстка, Милан Котрч
Кружни напаѓачи:
Јан Ужек, Леош Петровски
Македонија и Чешка ќе играат во Злин на 11 јуни, а реваншот е закажан за 15 јуни во Скопје.