Барса го освои својот 20 Куп на Кралот со победа над Хелветиа Анаитасума

Хелветиа Анаитасума – Барселона 30:33 (14:16)
Една недела откако стана шампион на Шпанија, освојувајќи ја ASOBAL лигата, екипата на Барселона го освои петттиот трофеј во сезоната и вкупно 20 Куп на Кралот во ракомет. Во Памплона во финалниот натпревар на „фајнал-фор" Лазаров и соиграчите го совладаа тимот на Хелветиа Анаитасума со 30:33 (14:16).
Скоро во целиот тек на натпреварот екипата на Пасквал покажа авторитет и не дозволи противникот да мине во водство. По 7:7 во 12 минута, Каталонците додадоа во „брзина погоре" и стигнаа до минимална предност на полувреме. По 11:11 во 22 минута, одлучувачкото одлепување до одморот го донесоа Томас со два гола и Гонзало со две интервенции. Памплонците играат многу мотивирано, посебно Алехандро Костоја, кој во првиот дел постигна 4 гола (14:16).
Во целото втото полувреме екипата на Пасквал имаше контрола врз резултатот, иако не дојде во висока предност како на останатите мечеви од ASOBAL лигата. Во овој период посебно расположен беше Камил Сипржак, кој даде 4 гола до 50 минута. Дури тогаш беше скршен отпорот на Хелветиа Анитасума и Барса дојде до 23:28 пред крајот.

Сепак Гонзало и Томас ја завршија работата и Барса без треперење го доби натпреварот со 30:33. Најзаслужни за финалната победа беа Гонзало со 18 интервенции, капитенот Томас со 8 и Сигурдсон со 5 и Сипржак со 4 гола. Кирил Лазаров мечот го заврши со 2 гола. Кај Хелветиа Анаитасума се истакнаа Да Силва со 8 и Костоја со 7 гола.
Ова е потврда на доминацијата на екипата на Хавиер Пасквал во шпанскиот ракомет, каде екипата од Каталонија три сезони не знае за пораз во секое домашно натпреварување. 115 меча, откако Лазаров мина од Атлетико Мадрид во Барселона, клубот нема пораз во ниту едно домашно натпреварување. Овој трофеј е петти во сезоната по ASOBAL лигата, ASOBAL Купот, ASOBAL Суперкупот и Суперкупот на Каталонија.





