hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров и Барса тргнуваат во нов трофеј во Памплона

barca copa del rey

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров денес и утре тргнува во јубилејниот 50 трофеј во неговата кариера. Веројатно како утеха за елиминацијата од Лигата на шампионите од Кил, Барселона е главен фаворит за освојување на Купот на Кралот кој овој викенд се одржува во Памплона.

002

Барселона е главен фаворит и освојувач на титулата од минатата сезона, но мотивиранире противници ќе се обидат да му ја отежнат работата. Денес во полуфиналето Каталонците играат против Адемар Леон, а вториот полуфинален натпревар го играат Хелветиа Анаитасума и Натурхаус Ла Риоха.

Финалето е утре попладне, а билетите за сите три натпревари се распродадени. Ако го освои овој трофеј, трета година по ред Барселона ќе го има комплетот на шпански трофеи во својата витрина (АSOBAL лига, ASOBAL Куп, ASOBAL Супер куп и Купот на Кралот.

Share