hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барселона ја освои ASOBAL лигата по 23 пат

barca campeon

Ракометарите на Барселона ја освоија титулата прва на ASOBAL лигата, откако по поразот на Натурхаус Ла Роха од Адемар Леон со 29-28 на пет кола до крајот, нема ни теоретска можност некој да ја стигне каталонската „машина". Практично во исто време кога Барса беше елиминирана од Европа од германскиот Кил стигна домашниот трофеј, кој беше извесен со оглед на тоа што екипата на Пасквал веќе трета година не знае за пораз.

002

За првпат во историјата Барселона поврза шест титули по ред во ASOBAL лигата, а вкупно има 23 сошто е убедиво на првото место на вечната листа пред Грањолерс и Атлетико Мадрид кои имаат по 11 трофеи.

Оваа титула значи и израмнување на рекордот на Грањолерс кој беше шампион на Шпанија во периодот меѓу 1955 и 1960 година.

Share