Европскиот првак Барселона целосно потфрли во „Шпаркасе арената" во Кил и загуби со 29:24 од германскиот првак. Но, потегот на натпреварот е дело на Кире Лазаров и Гудјон Валур Сигурдсон.
Исланѓанецот погоди цепелин, одлично подготвен од Македонецот. Пред да дојде во Шпанија, Сигурдсон настапуваше токму за Кил. В сабота во „Палау Блауграна" Барса ќе има поправен испит да ги надополни вечерашните -5.