
Живко Мукаетов останува и натаму прв човек на ракометната федерација на Македонија. На денешниот состанок на УО на федерацијата беше избришана точката за разгледување на оставката која Мукаетов ја поднесе по неуспехот во Гдањск по квалификациите за пласман на Олимпијадата во Рио ова лето.
Од друга страна едногласно беше прифатена оставката на слекторот Ивица Обрван, што значи дека тричлената комисија во понеделник ќе распише конкурс за нов селектор, кој ќе треба да го предводи тимот во јунскиот бараж со Чешка за плсман на СП кое догодина се игра во Франција.