hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Драган Ѓукиќ е првиот гостин на кампот „Кирил Лазаров 7“

Dragan-OI

Бившиот селектор на македонската ракометна репрезентација и човек со Master coach тренерска лиценца, Драган Ѓукиќ ќе биде гостин на второто издание на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7" кој како и минатата година и оваа ќе се одржи во Охрид во месец јуни.

002

Ѓукиќ е тренер со висока репутација, тренирал многу клубови и репрезентации низ Европа, а е творец и на проектот „Hand4all„ на кој оваа година ќе гостува Кирил Лазаров. Ѓукиќ во Охрид ќе одржи неколку тренинзи и предавања за учесниите на кампот и за тренерите. Србинот одржал безброј семинари ширум Европа и неговото гостување треба да донесе едно големо искуство за сите присутни на кампот.

Ѓукиќ во тренерската кариера бил селектор на Македонија, Јордан, Швајцарија, Велика Британија, Израел, а беше и тренер на Вардар, ПИК Сегедин и Мадеира.

Share