ОФИЦИЈАЛНО: Борко Ристовски потпиша за Барселона на две години

Актуелниот лидер во Бундеслигата, Рајн Некер Ловен пред неколку моменти потврди дека нашиот репрезентативен голман, и нивен член Борко Ристовски од идната сезона ќе ја промени клупската средина, селејќи се во редовите на актуелниот eвропски првак, Барселона.
Истата информација неколку моменти подоцна беше потврдена и од новиот клуб на Борко, Барселона, со што сега и официјално може да се потврди преминот од Германија во Шпанија на Ристовски. За македонскиот репрезентативец Борко Ристовски кој изминатиот викенд беше во Барселона каде што очигледно паднал потписот на договорот, тимот од Каталoнија нема да му биде прво искуство во Шпанија, со оглед на тоа што во 2006 и 2007 година настапуваше за Теукро и Алегесирас.

Покрај за Рајн Некер Ловен и споменатите два клубови, Ристовски има настапувано и за нашите Металург и Вардар, како и Гумерсбах (Германија), Кретеј (Франција) и Ал Ахли (Катар).





