hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров ја мина границата од 800 гола во ASOBAL лигата

lazarov rekord

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров продолжува да руши рекорди во дресот на Барселона и во шпанскиот ракомет. Со двата гола во денешната победа над Бенидорм во „Палау Блауграна", Лазаров дојде до бројката од 800 гола во ASOBAL лигата во дресот на Барселона, Реновалиа Сиудад Реал и Атлетико Мадрид.

002

Лазаров е прв стрелец на Барса во тековната сезона, како и во претходните две и ги освои сите можни трофеи, откако се пресели во каталонскиот клуб во летото 2014 година. Во денешниот дуел против Бенидорм, Барса славеше со 33-18 и се доближи до нова титула во АСОБАЛ лигата, трета со Кире Лазаров во тимот.

Share