hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Нова победа со двојна разлика и Барса е на чекор до ASOBAL титулата

barca puerto

Пуерто Сагунто – Барселона 20:40 (11:22)

Ракометарите на Барселона се наоѓаа на чекор до одбрана на титулата во ASOBAL лигата, откако забележаа победа и на гостувањето во малото место Сагунто кај Валенсија против Пуерто Сагунто со 20:40 во мечот од 24 коло на шпанскиот шампионат. Тренерот на европскиот првак Хавиер Пасквал пак не можеше да смета на повредениот Лазаров, а не настапија ниту Нодесбо и Виран Морос.

Сепак разликата во класи беше видлива и со леснотија Каталонците дојдоа до нова победа и значајни бодови и јакнење на моралот пред четврфиналниот двомеч со Кил. Крилата Томас и Сигурдсон одлично го почнаа мечот и при 0:4, домашната клупа побара тајм-аут. Следеше нешто поизедначен централен дел од полувремето, за да во финишот пак „нагазат" гостите и со одбраните на Шариќ и головите на Сигурдсон и Сипржак на одмор да се замине со двојна разлика (11:22).

002

Следеше второ полувреме кое беше само формалност и еден вид на тренинг. Серија на лесни голови и исполнета квота од 40 постигнати гола за 60 минути. Барса славеше кај Пуерто Сагунто со 20:40 (11:22) и сега има 24 од 24 победи оваа сезона, а се ближи и до 100 победи по ред во шпанското првенство. Најефикасни во победничката екипа беа Сипржак со 7 и Томас и Сигурдсон со по 5 гола, а кај поразениот Пуерто Сагунто се истакна Сладиќ со 5 гола.

В понеделник во необичен термин од 11:00 часот наутро Барселона игра со Бенидорм, а потоа има доволно време да се концентрира на двомечот со Кил во рамките на Лигата на шампионите. За тие натпревари се очекува и враќање на Кирил Лазаров во тимот.

Share