Кирил Лазаров гостин на ракометниот камп „H4ALL2016“

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров ќе биде гостин на ракометниот камп „H4ALL2016" кој ќе се одржи во Кладово од 26 јуни до 3 јули оваа година. Лазаров е најавен како главен гостин и како големо ракометно име со сите освоени трофеи во кариерата и искуство од преку 20 години ракомет на врвно ниво.

Покрај капитенот на македонската ракометна репрезентација на кампот ќе гостуваат и Драган Аџиќ и Боб Хенинг. Организатор на турнирот е српскиот стручњак и бивш селектор на македонската ракометна репрезентација, Драган Ѓукиќ.
Покрај нашата клупа Ѓукиќ го водеше и Вардар, беше селектор на Велика Британија, Швајцарија, Израел и Јордан, работеше во ПИК Сегедин и португалската Мадеира.
Пред гостувањето на овој камп Кирил Лазаров ќе го организира второто издание на својот камп „Кирил Лазаров 7" кое оваа година ќе има две смени и повторно ќе се одржи во Охрид.




