Шариќ: Никаде не се чувствував како во Барса

По седум сезони на голот на Барселона и 29 освоени титули (веројатно оваа бројка ќе се зголеми) голманот роден во Добој, а сега катарски репрезентативец Данијел Шариќ денес на прес-конференција обелодени дека ќе го напушти клубот во јуни на истек од договорот за да се пресели во шампионатот на Катар.
„Никаде не се чувствував така комотно како во оваа соблекувална на Барса каде поминав седум сезони. Никогаш нема да ги заборавам луѓето од клубот и соиграчите. Најдобар мој момент секако е мојата прва Лига на шампиони. И до крајот на оваа сезона имаме убави натпревари за играње. Најлош момент ми беше поразот на Ф4 во 2009 година. Но, следната сезона се издигнавме и го освоивме пехарот", рече Шариќ.
Барса скоро сигурно ќе ја освои ASOBAL лигата, а опции има и во Купот на Кралот и Лигата на шампионите





