Чешка, Исланд и Украина ривали во квалификациите за ЕУРО 2018

Македонската ракометна репрезентација денес ги дозна своите противници за квалификациите за ЕП во Хрватска во 2018 година. На церемонијата која се одржа денес во Дубровник ждрепката ни ги донесе Исланд, Чешка и Украина во четвртата група од квалификациите. За разлика од претходните ждрепки, овој пат немавме многу среќа и наидовме на комплицирана група. Две од овие четири репрезентации ќе играат на завршниот турнир кој ќе брои 16 селекции во јануари 2018 година.
ГРУПА 1:
Данска, Унгарија, Холандија, Летонија
ГРУПА 2:
Полска, Белорусија, Србија, Романија
ГРУПА 3:
Шпанија, Австрија, БиХ, Финска
ГРУПА 4:
Исланд, МАКЕДОНИЈА, Чешка, Украина
ГРУПА 5:
Словенија, Португалија, Швајцарија
ГРУПА 6:
Шведска, Русија, Црна Гора, Словачка
ГРУПА 7:
Франција, Норвешка, Литванија, Белгија
Квалификациите ќе почнат на 2 ноември 2016 година, а ќе завршат на 18 јуни 2017 година. Завршниот турнир ќе се одржи од 12 до 28 јануари 2018 година во четири хрватски града: Вараждин, Сплит, Пореч со финале во Загреб. Мундијалот во Хрватска во 2009 година и нашето 11 место ни буди пријатени спомени од гостувањата во оваа земја.





