hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Победа со двојна разлика за Барса против Анхел Хименез

nodesbo1

Барселона – Анхел Хименез 40:20 (17:11)

Ракометарите на Барселона им се вратија на официјалните натпревари и на победите во ASOBAL лигата. Вечерва во „Палау Блауграна" во рамките на 23 коло екипата на Хавиер Пасквал го совлада тимот на Анхел Хименез со 20 разлика и полека се доближува до идеалниот момент на форма пред двомечот со Кил во Лигата на шампионите.

Само на стартот кога имаа 2:2, ракометарите на Анхел Хименез успеаа да израмнат. Подоцна ги снајде катастрофа, откако екипата на Барса ги прегази во секој поглед. Голманите на Барселона бранеа одлично, а Сигурдсон и Гурбиндо ја полнеа гостинската мрежа. Така со +6 се замина на одмор и дури ракометарите на Анхел Хименез имаа подносливо заостанување.

002

На почетокот на второто полувреме екипата на Барселона како да додаде во брзина повеќе и со тоа предноста во 37 минута скокна до +10. Во главната улога беше Данецот Нодесбо, кој даде пет гола во краток временски интервал и Барда отиде на +12.

Чиста рутина до крајот беше начинот на кој европскиот и шпански првак го приведе мечот кон крај до победа од 40:20. Во победничката екипа Нодесбо со 9, Сигурдсон со 7 и Гурбиндо со 5 гола беа најефикасни стрелци во победничата екипа. Нашиот Кирил Лазаров не настапи заради повредата на коленото, која ја здоби на Олимиските квалификации во Гдањск. Во тимот на Анхел Хименез најистакнати поединци беа Хозе со 6 и Јања со 4 гола.

Барселона в сабота му гостува на тимот на Пуерто Сагунто во Валенсија, а Кирил Лазаров со сигурност нема да настапи и на следниот натпревар.

Share