hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Завршницата на ракометниот Куп на Кралот во Памплона

catedral

Памплона и Хелветиа Анаитасума ќе бидат организатори на завршниот турнир на Купот на шпанскиот Крал во ракомет на 7 и 8 мај. Ова натпреарување ќе биде последно за сезоната 2015/16. Само нешто повеќе од еднa недела по завршувањето на Лигата на шампионите, каде Барса ја брани титулата, и во Купот на Шпанија ќе се обиде да го повтори ланскиот успех.

002

Барселона на Кирил Лазаров, Натурхаус Ла Роха, Адемар Леон и домаќинот Хелветиа Анаитасума се полуфиналистите, а паровите дополнително ќе бидат одредени со ждрепка, во која нема да има носители. Арената „Катедрал" по четврт пат ќе биде организатор на завршниот Куп турнир, а последен пат во мај 2014 година во оваа арена се играа последните три меча за титулата од Куп на Кралот.

Share