hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров во идеалниот тим на второто коло

kire 08 10 2012

Уште едно признание за двократниот најдобар стрелец во Лигата на шампионите Кирил Лазаров. Најдобриот македонски ракометар и членот на Атлетико Мадрид се најде во тимот на колото во Лигата на шампионите. Македонскиот капитен со 8 голови беше еден од најзаслужните за победата на неговиот тим против Пивоварна Лашко Цеље со 28:22 во рамките од второто коло од најквалитетното клубско натпреварување.

Тим на колото во Лигата на шампионите:

Лево крило: Каспер Мартенсен (Сикелборг)

Лев бек: Сергеј Рутенка (Барселона)

Центар: Франтишек Шулц (Пик Сегед)

Десен бек: Кире Лазаров (Атлетико Мадрид)

Десно крило: Дмитри Ковалев (Чеховски Медведи)

Пикер: Каспер Нилсен (Савехов)

Голман: Арпад Штербик (Барселона)

Share