Во Гдањск, Македонија ќе патува и со помош на психолог

Во пресрет на квалификациите за пласман на Олимпијадата во Рио 2016, РФМ ангажираше стручен спортски психолог, кој ќе им биде на располагање на македонските репрезентативци во текот на претстојниов поготвителен период. Федерацијата деновиве ги заврши преговорите со еден од најеминентните спортски психолози во регионов, д-р Тања Кајтна, професор на катедрата за спорт при Универзитетот во Љубљана, актуелен Претседател на Здружението на слевенечки психолози и Координатор за спортска психологија при словенечкиот Олимписки комитет.
Проф. Кајтна е истакнат професионалец со врвни достигнувања во кариерата во делот на спортската психологија и публикувани научни истражувања со фокус на психолошкиот профил на тернери и спортисти во категоријата на високо-ризични спортови. Во улога на официјален психолог на словенечките репрезентативци, професор Кајтна се најде за време на Параолимписките игри во Пекинг 2008, како и за време на Олимписките игри во Лондон, во 2012 година.
Во насока на создавање максимално погодни услови за mакедонските сениорски ракометни репрезентативци од секој аспект, непосредно пред квалификациите за ЛОИ 2016, rакометната федерација го ангажираше и кинотерапевтот Димитар Андреев, кој ќе практикува научно засновани методи наменети за подобрување на мобилноста и истрајноста, какви што практикуваат врвните спортисти ширум светот. Со ангажманот на двајцата горе-наведени професионалци, РФМ го комплетираше стручниот тим кој останува апсолутно фокусиран на ова комплетирање на ова значајно поглавје за македонскиот ракомет.





