Кил надополни против ПИК Сегедин и ќе игра четвртфинале со Барса

Кил, обезбеди пласман во четвртфиналето, во ракометната Лига на шампиони и им се приклучија на Барселона и ПСЖ, кои директни се пласираа меѓу најдобрите осум во Европа. Токму германскиот тим ќе биде противник на Барселона на Кирил Лазаров во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Кил, во реванш осминафиналниот меч славеше над ПИК Сегедин 36:29, со што ја надополни негативата која ја имаше по мечот во Унгарија 29:33.
Германскиот тим во четвртфиналето го однесе данскиот голман Никлас Ландин, кој бранеше брилијантно, особено во последните десет минути. Ландин во финишот одбрани три седмерци и два зицери со што ги спречи Унгарците да фатат приклучок. Данскиот голман мечот го заврши со 16 интервенции (одбрани четири седмерци). Кил до победата го предводеа Вујин со девет, Екберг со седум и Дисебгер со шест голови. Кај ПИК Сегед по седум голови постигнаа Калман и Бомбач.





