hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса дојде до 83 победа по ред, Лазаров доби ден одмор

arini

Барселона – Синфин 35:23 (19:13)

Ракометарите на Барселона ја забележаа 83 последователна победа во шпанската ASOBAL лига, откако во „Палау Блауграна" ја совладаа екипата на Синфин од Сантандер со 35:23 (19:13). Тренерот на Барса, Чави Пасквал му даде ден одмор на Кирил Лазаров, а по повредата на 17 февруари против Фригорификос Моразо во тимот се врати хрватскиот интернационалец Копљар. Гостите добро го отворија мечот и до 7:7 беа рамноправен противник. Потоа Арињо реализира два контранапади и домаќините заминаа на 13:9. Барса го подигна нивото и ритамот на игра и до полувреме предноста веќе беше +6.

002

Мрежата на Адам Савиќ уште почесто се тресеше во второто полувреме и Филип Јиха погоди трипати во серија за +9 во 41 минута. Инерцијата на мечот влезе во период во кој гостите од Кантабрија се помирија со поразот и двете екипи играа многу офанзивно и допадливо. Во таква игра Барселона лесно стигна до победа од 35:23, но овој пат со помалку постигнати голови од вообичаените.

Во победничката екипа Аитор Арињо постигна 8 гола, капитенот Томас постигна 5, а исланѓанецот Сигурдсон беше автор на 4 гола. Кај Синфин од Сантандер најефикасни беа Хорахуриа со 6 и Пабло со 5 гола. В среда од 20:30 часот во рамките на 22 коло на ASOBAL лигата, Барса гостува во Валенсија против Сиудад Енкантада.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share