hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса го потврди полуфиналето, Лазаров стрелец на 7 гола

barca - granollers

Барселона – Грањолерс 32:24 (15:13)

Ракометарите на Барселона го потврдија пласманот во полуфиналето на Купот на шпанскиот Крал и в вториот натпревар, победувајќи го Грањолерс, овој пат со 32:24 (15:13). Многу слично како на првиот натпревар во средата, момците на Хавиер Пасквал во вториот дел го „скршија" противникот и пак најдобар поединец беше нашиот Кирил Лазаров. И покрај предноста од првиот натпревар, Каталонците не шпекулираа со предноста и брзо се одлепија на 8:3 со головите на Сигурдсон и Нодесбо. Следеше период на опуштање на домашната екипа, но се појави Лазаров и на одмор се замина со +2 за победникот на Купот од минатата сезона.

002

Пасквал направи ротација во тимот и им даде шанса на Томас, Јиха и Сипржак и предноста порасна до +4 во почетната фаза од второто полувреме. Но, Грањолерс не се предаваше и до 21-20 уште беше во мечот. Сепак Лазаров со голови од игра и од седмерци го одлучи победникот во мечот за финални 32:24. Нашиот репрезентативен капитен постигна 7 гола во тимот на Барселона, Арињо беше автор на 5 гола, а Гонзало со 15 интервенции имаше свое попладне. Кај Гранољерс најефикасен беше Ресина со 6 гола. Мечот во „Палау Блауграна" го следеа 2.682 гледачи. Хелветиа Анаитасума, Натурхаус Ла Роха и Адемар Леон се исто така учесници на „фајнал-фор" на Купот на Кралот. Завршниот турнир ќе се игра на 7 и 8 јуни, а организаторот на завршниот турнир уште е непознат.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share