По рецептот од Монпеље, нова лесна победа за Барселона
Фригорификос Моразо - Барселона 22:34 (7:15)
Гостувањето на жешкиот терен во Кангас требаше да биде сериозен испит за екипата на Барселона, но како и во неделата во Монпеље со вистински пристап, Каталонците не дозволија противникот воопшто да парира во мечот и славеа со 22:34 (7:15). По стартните 2:2, Арињо и Ентрериос за првпат донесоа +2 за гостите.
Разновидната игра на екипата на Пасквал донесе 4:8 со головите на Сипржак и Руезга. Следеа два гола на нашиот Кирил Лазаров за +6 на половина од играта во првиот дел. Многу допадливо играа европските прваци и Сармиенто и пак Лазаров предноста ја донесоа до +8 во 22 минута. Да Коста и Росалес имаа само блесоци, но силниот ритам на Барса на одмор му донесе убедливи 7:15.
Со ваква предност на Барса и беше многу полесно во продолжението. Ален Муратовиќ со два гола на почетокот од продолжението намали на 10:17. Но, нови голови на Арињо и на Сипржак ја вратија најстандардната предност на гостите од +8. Лазаров во 37 минута погоди за 12:20 и целиот тим пак делуваше разиграно. Веднаш потоа капитенот на нашата селекција со ефектен гол од 9 метри на средина на полувремето, предноста ја донесе до 15:28. Следеа голови на Аитор Арињо и двоцифрената предност стана вообичаеност. Поусада и Ентенца погодија во серија, но на спротивната страна својот првенец го постигна Даниел Душеабев. До крајот рутински завршена работа и нова победа на Барселона од.
Во победничката екипа се истакнаа Арињо со 8 гола и нашиот Лазаров со 7 од исто толку обиди. Кај Фригорификос Моразо најпозитивен беше Солињо Гарсија со 7 гола.
Комплетниот извештајод натпреварот можете да го погледнете ТУКА:






