
Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров е прогласен за најдобар десен бек во 11. коло од Лигата на шампионите и конечно се најде во идеалниот тим на колото на ЕХФ. Десниот бек на Барселона даде 9 гола против Монпеље и беше најзаслужен за победата на европскиот првак.

- Лево крило – Андерс Егерт (Фленсбург)
- Лев бек – Џамали (Кристијанштад)
- Среден бек – Енди Шмид (Рајн-Некар)
- Десен бек – Кирил Лазаров (Барселона)
- Десно крило – Блаж Јанц (Целје)
- Кружен напаѓач – Андреас Нилсон (Веспрем)
- Голман – Матијас Андерсон (Фленсбург)