hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса ја раситна 400-ката со победа и блесок на Лазаров

barcelona berlin002

Барселона вечерва во Монпеље го одигра својот 400 меч во Европа. Првиот против Дуделанж, мечот број 100 против ПИК Сегедин, мечот број 200 против Кил, мечот број 300 против Вардар и денес мечот број 400 против Монпеље.

Оваа победа е 296 во историјата на клубот во сите три европски купови, во кои екипата од Каталонија настапувала. 83 порази и 21 нерешен резултат е билансот на славната екипа во останатите мечеви од децениските настапи во Европа. Од 28 октомври 1969 година оваа екипа освоила 20 титули во европските купови и е најтрофејна во историјата.Ниту една екипа од Европа нема толку голем број на европски натпревари, просек на успеси и подигнати трофеи.

Share