

Шпанскиот репрезентативец Виктор Томас и во наредните четири години ќе го носи дресот на Барселона. Капитенот потпиша нов договор и ќе биде соиграч на Кирил Лазаров до 2020 година.
31 годишното крило во овој клуб е од 1998 година, а ги освоил сите можни трофеи со каталонската гордост. Томас е ракометар од светска класа, а такви Барселона ги планира за својот нов проект.