Пасквал и со најмладите го „наполни“ Арагон
Барселона - Арагон 40:19 (20:9)
Барселона полека се загрева за враќањето на Лигата на шампионите и во вториот пролетен натпревар од ASOBAL лигата го совлада тимот на Арагон во „Палау Блауграна" со 40:19 (20:9). Филип Јиха и Карлос Руезга влегоа во официјалниот записник на мечот, а во меч кој наликуваше на тренинг, европскиот првак го „прегази" гостинот од Сарагоза.
Пасквал почна со комбиниран тим и Душебаев, Гурбиндо и Жалуз уште во 5 минута донесоа високи 5:1 за домашната екипа. Тунижанецот и Сигурдсон уште во 12 минута го постигнаа десеттиот гол за Барса и им се подготвуваше катастрофа на ракометарите на Арагон. Нашиот Лазаров погоди од седмерец во 19 минута за 11:5. До одморот тоа го направи уште еднаш, а младиот Абељо и Нодесдо го заокружија првиот дел со 20:9 за Барселона.
Делгадо и Доминго го отворија вториот дел со голови за Арагон, но инерцијата на натпреварот воопшто не ги радуваше гостите. Погоди и Јиха, а Абељо со нови два гола ја направи предноста двојно поголема за 26:13 во 41 минута. Физички гостите драстично паднаа и со серија на лесни голови Барса лесно дојде до голот број 30 во 50 минута, а до крајот даде уште 10 гола за финални 40:19 и една од трите најубедливи победа во шампионатот за старо-новиот првак. Во победата од 21 разлика, Абељо вгради 9 гола, Нодесбо даде 5, а Лазаров 3 гола. Голманот Шариќ на крајот имаше 11 интервенции. Мигуел Техедор Хернандез со 5 гола и голманот Алваро Фернандез Арсиниега со 13 одбрани беа најдобрите во гостинскиот тим. Први две победи на стартот од 2016 година за Барселона се само најава за гостувањето кај Монпеље во Лигата на шампионите в недела попладне.
Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:






