Пролонгиран рокот за гласање за најгламурозна личност на Балканот
Нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров е меѓу кандидатите кои најдобро котираат за наградата за најгламурозна машка личност на Балканот во организација на хрватскиот портал „Глам".
Меѓу кандидатите од Македонија, нашиот капитен е единствен од спортистите, а по резултатите од гласањето одлично стои пред дефинитивниот избор. Заради големиот интерес изборот се приширува на целиот Балкан, а интересеот е толку голем што гласањето е пролонгирано до 14 февруари.
Специјална пост мортум награда ќе му биде доделена на Тоше Проески за позитивно влијание на друштвената јавна сцена, а наградата ќе ја примат неговите пријатели и членови на семејството. Церемонијата ќе се одржи во концертната сала „Ватрослав Лисински" во Загреб на 15 февруари.
Погледнете ги сите номинации за сите региони и гласајте за Кирил Лазаров.






