hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса го врати Ривера како замена за Сигурдсон

rivera spanija0

Брзото крило на шпанската репрезентација Валеро Ривера Фолг, инаку син на селекторот на катарската репрезентација, и официјално се враќа во Барселона по заминувањето во 2010 година во францускиот Нант. Ривера е производ на школата на Барса, но по завршувањето на договорот со исландскиот интернационалец Гудјон Валур Сигурдсон, пак се враќа во матичниот клуб.

rivera 1

Ривера потпиша тригодишен договор и доаѓа како изграден играч по периодот минат во Сарагоза, Алгесирас, Гвадалахара, Октавио и споменатиот Нант. На последното европско првенство во Полска освои сребро, а прет три години беше светски првак на Мундијалот во Шпанија.

Share