Македонија на 11 место на новата ЕХФ ранкинг листа
ЕХФ ја објави ранг листата за најдобрите ракометни репрезентации за сезоната 2014/15 година. Нашата селекција благодарение на добрите настапи во 2015 година забележа напредок во оваа листа и со вкупно 230 бода, моментално се наоѓа на 11. место.
Оваа листа ќе се искористи и за носителите на квалификациите за ЕП во Хрватска, кое ќе се одржи во 2018 година. Доколку се одземат селекциите кои директно ќе се пласираат на ЕП, а тоа се домаќинот Хрватска и првакот Германија, нашата репрезентација ќе биде на деветтопласирана, што ќе му обезбеди место во вториот шешир. Во првиот шешир ќе се најдат селекциите на: Франција, Данска, Шпанија, Шведска, Словенија, Полска и Унгарија, додека покрај Македонија во вториот шешир ќе бидат и Романија, Белорусија, Чешка, Словачка, Португалија, Холандија и Црна Гора.
Ранкинг листа за 2014/15:
1. Франција 616
2. Данска 524
3. Шпанија 516
4. Шведска 436
5. Германија 362
6. Словенија 332
7. Полска 330
8. Хрватска 320
9. Унгарија 292
10. Норвешка 266
11. Македонија 230
12. Русија 228






