hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Од долго рамноправен меч, до огромни +10 за Барса во Памплона

lazarpov 20

Хелветиа Анаитасума – Барселона 22:32 (12:16)

Само пет дена по завршувањето на европското првенство во ракомет во Полска, европскиот првак Барселона имаше тешко гостување кај Хелветиа Анаитасума во рамките на ASOBAL лигата. Сепак ракометарите на Хавиер Пасквал од долго време неизвесен натпревар, убедливо славеа со 22:32 (12:16).

Во првите 10 минути се играше многу израмнето и Камил Сипржак со два гола ја одржуваше Барса до 6:6. Дури во 18 минута кога Шариќ одбрани зицер, Барса за првпат дојде до +2, со голот на Раул Ентрериос. Домаќините беа многу груби, бројот на голови беше вообичаено помал од мечевите на Барса. Виктор Томас од контранапад и нашиот Лазаров од седмерец во 25 минута, предноста ја покачија на 9:12. До одморот погодија и Тунижанецот Жалуз и Сармиенто за 12:16 за фаворитот.

helvetia - barca 2

Костоја Родригез и Ферер го отворија вториот дел со голови за Хелветиа Анаитасума и во 36 минута тимот од Памплона намали на 16:18. На головите на Гурбиндо и Раул Ентрериос, домаќините возвратија преку Паломарес, кој даде два гола (19:20). Само што влезе нашиот Лазаров предноста ја врати на +2. Најкорисниот ракомет на последното европско првенство, Ентрериос и Сигурдсон ја покачија на +4, но и натаму беше неизвесно. Кирил Лазаров пак беше одличен кога требаше и ја одржуваше разликата. Тој го постигна петтиот и шестиот гол и Барселона со неговите голови, контрата на Томас и седмиот гол на Раул Ентрериос ја направи победата преубедлива (22:32). Хелветиа Анаитасума демонстрираше силен отпор, но не можеше да го одигра мечот во исто темпо. Кирил Лазаров постигна 7 гола, а имаше и неколку асистенции. Раул Ентрериос исто така даде 7 гола, а Данијел Шариќ со 15 интервенции играше клучна улога во победата. Кај Хелветиа Анаитасума, Угарте и Костоја Родригез беа стрелци на по 4 гола.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share