Олимпискиот сон почнува со Полска, завршува со Чиле
ИХФ денес ги објави имињата на земјите кои ќе ги организираат трите квалификациски турнири за Олимписките Игри во Рио 2016. Репрезентацијата на Македонија својот турнир ќе го игра во Гдањск во Полска против Чиле, Тунис и домашната репрезентација.
Со официјализацијата на оваа информација која се најавуваше во изминатиот период, Македонија во периодот од 8 до 10 април ќе ги одигра трите средби во Гдањск, во борба за некое од првите две места во групата кои водат до историски пласман на ОИ. Веќе е познат и распоредот на одигрување на натпреварите на квалификацискиот турнир:
08.04. Македонија – Полска
09.04. Македонија – Тунис
10.04. Македонија – Чиле
Најдоцна еден месец до почетокот на турнирот, поточно најдоцна до 8 март 2016 година, репрезентациите учесници ќе го соопштат својот поширок список на ракометари кои ќе им бидат на располагање за овие три средби.






