

Светската ракометна федерација донела одлука и се чека само дефинитивна потврда. Како што најавивме пред неколку дена, Македонија олимписката норма ќе ја брка во Гдањск во Полска. Иако свои кандидатури доставиле и другите федерации, сепак приоритет имаат земјите кои имаа подобар пласман на Мундијалот во Катар и кои се водат како носители. Така Македонија пак ќе се врати на полско тло да го брка својот најголем успех. Данска и Шведска се останатите домаќини на квалкификационите групи.
Група 1
Полска - домаќин
Чиле
Тунис
Македонија
Група 2
Шпанија
Словенија
Иран
Шведска – домаќин
Група 3
Данска - домаќин
Хрватска
Норвешка
Бахреин