hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Започна пријавувањето за вториот камп “Кирил Лазаров 7“

EMI 9269

Најдобриот македонски спортист, Кирил Лазаров, минатиот јуни 2015-та година во организација на агенцијата КМГ Спорт го промовираше својот прв ракометен камп „Кирил Лазаров 7“. Кампот се одржа во хотелот Аквалина во Охрид, кој нуди прекрасни услови за ваков тип на настани, одалечен на 5 км од Охрид во мирната населба Св. Стефан на брегот на Охридското езеро.

Иако беше планирана бројка од 120, поради големиот интерес на кампот учествуваа 150 момчиња и девојчиња на возраст од 10-18 години од Македонија, но и надвор од границите на нашата држава. Оваа 2016-та година нашите планови се кампот да биде интернационален и на него да патртиципираат 250-300 момчиња и девојчиња на возраст од 10-18 години од регионот но и пошироко, поделени во две смени и тоа:

  • Прва смена од 17 – 23 Јуни 2016 година,
  • Втора смена од 24 – 30 Јуни 2016 година.

Кампот како проект е планиран да биде еден вид на база за селекција на млади играчи, на кои им е потребна надградба во секоја смисла на зборот (во делот на спортот, едукација за здрава исхрана, спортски бон-тон итн.) . Во период од седум дена секое лето најдобриот светски десен бек Кирил Лазаров, сегашни и бивши репрезентативци и големи имиња од светот на ракометот и наједуцирани македински и европски тренери и ќе имаат свое место во мозаикот на ракометниот камп. Според програмата која е предвидена сите членови на кампот ќе имаат максимални услови, опрема и стручна помош за усовршување, едукативни предавања за здрава исхрана, дружење и многу забава.

Комплетна понуда на 2-риот „Ракометен камп Кирил Лазаров 7“

Сместување:

Учесниците на кампот ќе бидат сместени во Хотел „Аквалина“ – Охрид.

7 дена (6 полни пансиони) во хотел со 4****, сопствени терени за реализација на комплетната програма на тренерскиот тим, сопствена плажа за незаборавни моменти и прекрасна местоположба.

Опрема:

Секој учесник на кампот добива комплет спортска опрема за тренинг и хотел.

Превоз:

Организаторот на кампот е обврзан да обезбеди превоз за секој учесник на кампот кој живее во Македонија. Превозот ќе се реализира од повеќе локации низ државата до Охрид и назад.

Комплет систематски преглед и медицинска подршка:

Учесниците од Македонија пред одржување на кампот ќе подлежат на комплет медицински преглед од нашиот медиццински партнер, Специјална болница „Филип Втори“ со обезбеден превоз за секој учесник до болницата и назад за сите учесници надвор од Скопје. Исто така, за време на одржување на кампот овозможена е комплетна медицинска подршка со тим од три медицински лица од нашиот партнер, 24 часа на располагање за потребите на секој учесник.

Специјална исхрана за млади категории спортисти:

За потребите на високиот ритам на тренинзи предвидена е специјална програма на исхрана за млади категории, подготвена од М-р Зоран Поповски, поранешен ракометен репрезентативец, магистер за безбедност и квалитет на храна и директор на Агенција за храна и ветерина.

Осигурување за секој учесник:

Секој учесник на кампот ќе има комплетно осигурување за време на одржување на кампот, овозможено од официјалната осигурителна компанија на кампот, Евроинс Осигурување.

Диплома за учество на кампот:

Секој учесник на кампот ќе добие диплома за учество на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ заверена од капитенот на македонската ракометна репрезентација и член на Барселона, Кирил Лазаров.

Цена и услови на плаќање:

Цената за учество на кампот е 13.200 денари* со можност за плаќање на повеќе рати врз основа на датумот на пријава. Можноста за плаќање на четирирати важи за пријававување до 1 Март 2016 година плаќањето и е по следниот распоред:

  • Прва рата од 3.300 денари, во рок од 7 (седум) дена по поднесување на пријавата,
  • Втора рата од 3.300 денари, најдоцна до 1-ви Април 2016 година,
  • Трета рата од 3.300 денари, надоцна до 1-ви Мај 2016 година,
  • Четврта рата 3.300 денари, најдоцна до 1-ви Јуни 2016 година.

*Забелешка: Цената за учество важи исклучиво за момчиња и девојчиња кои се родени и живеат во Република Македонија. За останатите учесници цената е 299 евра (на две рати најдоцна до 1 Јуни 2016 година).

Линк за пријавување:

http://www.kmgsport.mk/kamp-lazarov/registracija.html

Share