

Македонската ракометна репрезентација го дозна противникот за баражот за Светското првенство во Франција во јануари 2017 година. Чешка е нашиот противник во два меча и ако ја елиминираме, ќе играме на петто светско првенство во нашата историја, трето по ред.
По дебитанскиот настап во Египет во 1999 година, настапивме десет години подоцна во Хрватска, па бевме дел од Мундијалот во Шпанија во 2013 и Катар 2015 година. Двата бараж мечеви се играат на 10 и 12 јуни, а возвратните на 14 и 16 истиот месец. На првиот меч сме гости, а потоа играме на домашно тло. Токму во овир квалификации ја елиминиравме Чешка со домашна победа и реми во Злин.
ФОТО: Филип Вирановски