hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров најдобар стрелец на ASOBAL Купот

kire mvp

Очекувано признание за најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров кој беше прогласен за најдобар стрелец на ASOBAL Купот, кој го освои со својата Барселона денес во Леон. Тој ги покажа сите свои квалитети и како ракометар и како лидер на оваа генерација и во двата натпревари, посебно во финалето, кога најмногу требаше потегнуваше за одлучувачки голови до победа.

Вкупно постигна 16 гола на полуфуналниот и финалниот меч. Ова инвидуално признание се надоврзува на одличните резултати на тимот, во кој Лазаров е трета година по ред и скоро да ги освои сте можни трофеи во ракометниот свет. Малмагро од Натурхаус Ла Роха е најкорисен ракометар, а Данијел Шариќ од Барселона е најдобар голман.

 

Share